2000 евра казна ако на Водно не шетате само по обележана патека


По овој асфалтиран пат на „Водно“ граѓаните можат да се движат во преиодот меѓу 7 и 17 часот, а тие што ќе ги користат скратените патишта, без дозвола од „Македонски шуми“ или од Шумската полциција, џебот ќе им биде испразнет за 1.500 до 2 илјади евра. Со оваа Владина одлука, според инсрукторот за параглајдерство Велјановски, ќе се намали планинскиот туризам. Смета дека институциите треба да соработуваат со професионалците и не е потребно да бараат ваква дозвола, јавува Телма.suma22

„Мене ми е работата да бидам во планина, да летам. Летно време ние заработуваме, од тоа живееме. Кога ќе отиде некој да бара дозвола не му пишува на челото дали е добар, дали е безбеден, дали не би направил некоја штета“, вели Мендо Велјановски, инструктор по параглајдерство.

Од друга страна, претседателот на планинарското друштво „Кораб“, смета дека владината одлука е позитивна и ќе придонесе граѓаните да се однесуваат соодветно.

„Имаме често случаи кога намерно се предизвикуваат пожари. Кои се нивните побуди, веројатно само на нив им е јасно. Дури сметам дека не се во прашање, патолошки пиромани, туку, едноставно луѓе коишто можеби тоа им е забава, забавно, интересно или едноставно можеби нивни револт“, изјави Љубиша Котевски, претседател на планинарското друштво „Кораб“.

Дрирекцијата за заштита и спасување, препорачува граѓаните да се однесуваат соодветно во шумските појаси и да не фрлаат отпушоци.

„Нашиот апел е граѓаните строго да ја почитуваат препоралата на Владата на Р. Македонија и да не се движат во периодот од 7 до 17 часот и да внимаваат некој несовесен граѓанин да не направи нешто што би ја загрозило безбедноста на шумите и би предизвикало пожар, изјави за Телма, Димче Митевски, раководител на сектор за техника, при Дирекцијата за заштита и спасување.

Од 5 авуст, Македонците повторно ќе можат да се разладуваат во шумските длабоки сенки, бидејќи оваа одлука важи до тогаш.

Телма.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1