Намерата на Вашингрон да ги заплени имотите и да ги замрзне сите сметки на компаниите кои што сакаат да соработуваат со Иран, предизвика револт кај високите функционери во руското Министерство за надворешни работи.
Министерството ги предупреди САД, дека едностраното воведување на санкции против Иран задира во рускиот економски интерес, што ги доведува во прашање билатералните односи на двете земји.
„Вашингтон треба да има во предвид дека нашите билатерални односи ќе бидат сериозно загорезени доколку на удар на американската рестрикција се најдат руски посредници кој соработуваат со партнерите од Исламската Република Иран и строго се придржаваат на нашето законодаство и резолуциите на советот на Обединетите Нации“, пишува на сајтот на руското министерство за надворешни работи.
Руското Министерство изразило негодување поради империјалистичките политики на Вашингтон.
„Ние не ги признаваме многубројните санкции кои самоволно ги донесува Вашингтон, под изговор дека ова го прави поради иранската нуклеарна програма, а која очигледно се крши со меѓународното право. Сметаме дека целосно се неприфатливи и недопустливи обидите со сила да се примени екстериторијалноста на САД во земјите од целиот свет. Ги отфрламе методите на отворена уцена, која САД ја применува кон компаниите и банките на другите земји“, се наведува во соопштението.
Вашингтон во саботата донесе одлука на нови санкции против компаниите кои соработуваат со Исламската република, по што следеше ваквата реакција од страна на Москва.
Меѓу останатото американските власти се заканија дека ќе ги замрзнат банкарските сметки на компаниите кои соработуваат со Техеран.