Москва со демант до ИД од каде тврдат дека го урнале авионот


Ние го урнавме рускиот авион, фала Богу сите се мртви, оваа порака на Твитер оставена од египедското крило на Исламска држава веднаш беше демантирана од руското министерство за транспорт.

А египетските безбедносни служби соопштија дека нема никакви индикации дека авиуонот е срушен.ruski_avion3

Рускиот патнички авион кој полета од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург се урна утрината на Синајскиот полуостров во Египет при што загинаа 224 патници и членови на екипажот. Засега истрагата тврди дека причина за падот е техничка грешка. Авионот паднал вертикално поради што поголеми делови од леталото се запалиле. Околу 150 тела се пронајдени во радиус од пет километри.

-Ова е трагична сцена. Гледаме мртви насекаде по земјата, многумина настрадале врзани за седиштата. Авионот се преполовил на два дела. Помалиот дел изгорел, а поголемиот утрил во голем камен, извести извор од египетската влада.

Властите соопштија дека ја нашле црната кутија, а дополнително ќе биде соопштена анализата на содржината. Рускиот претседател Владимир Путин им изрази најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите.

– Да тие ни кажаа дека ќе слетаат во 11.40. Моето дете ми се јави, тој беше на одмор со своето семејство. Мојот син, неговата сопруга и ќерка им. Нивната десетмесечна ќерка е моја внука, изјави роднина.

– Вчера разговаравме преку интернет. Требаше да се качат на овој авион. Јас проверив на екранот се беше во ред. Тогаш во 11.30 дојдов тука. И кога дојдов, јас не можев да го најдам летот на екранот, вели роднина на загинат патник.

Во Русија утре е прогласен ден на жалост, а телеграми со сочувство испратија европските лидери Камерон и Меркел и американскиот државен секретар Џон Кери.

Авионот Ербас 321 на руската авиокомпанија „Когалимавија“ се урна на околу сто километри од Ариш во северниот дел на Синај, при што загинаа 217 патници, од кои 17 деца и седум членови на екипажот. Според најновите извештаи, 214 патници биле руски државјани, тројца Украинци и еден белоруски државјанин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1