Граѓанската асоцијација МОСТ ги повикува граѓаните да проверат дали ги има во избирачкиот список за да можат до 7 март, да се направат корекции во податоците. Од МОСТ, исто така, ја повикаа Државната изборна комисија што е можно побрзо да ги објави и адресите на новите избирачки места за граѓаните навремено да бидат информирани каде треба да гласаат.











