Пет одлични и бесплатни замени за ЅМЅ пораките


Овие апликации за „Android“ можат да ви овозможат комуникација без дополнителни трошоци.

Првата од нив е „Viber“. Компанијата која стои зад развојот на оваа апликација неодамна беше продадена на јапонски гигант за скоро милијарда долари. Дополнителен бонус е тоа што апликацијата не е достапна само за „Android“, туку и за многу други платформи („Windows 8“, „iOS“, „Windows Phone“, „BlackBerry“ и други).

app-smsСледната е „Google Hangouts“, „наследникот“ на „Google Talk“. Станува збор за комбинација од апликации и услуги која стана стандардна на многубројните нови „Android“ уреди, а покрај комуникацијата со пораки, можно е да се извршуваат и видеоповици со максимално 12 учесници. Исто така е достапна и во верзии за „iOS“ и „Chrome“.

„TextSecure“ е бесплатна апликација која користи „end-to-end“ енкрипција за корисниците во целост да имаат потполна приватност во комуникацијата. Можно е да се превземе од „Google Play“.

„WhatsApp“ секако мора да биде на оваа листа. Овој сервис е достапен во верзии за повеќе платформи („Android“, „Windows Phone“, „iOS“, „BlackBerry“ и други), a многумина ја опишуваат како најдобра замена за „SMS“ пораките.

Последната во низот е апликацијата „KoolSpan TrustCall“. Со цена од 119 американски долари, тешко дека е прифатлива за „обичните смртници“, но нејзините можности би можеле да ги користат компаниите. Таа е најдобро решение за малите компании на кои им е потребна безбедна комуникација.

Денар.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1