Се сомневате дека ве крадат – може да си проверувате колку трошите за парно и вода


Граѓаните и компаниите имаат можност да направат проверка на своите броила со кои се мери потрошувачката на топлинска енергија и на други течности во нивните објекти. Балкан енерџи груп (БЕГ) има лабораторија за испитување на мерила на топлинска енергија и течности, која засега е единствена од ваков вид во државава.

parnoПреку лабораторијата, корисниците на нивните услуги, граѓани или фирми кои од некоја причина се сомневаат во исправноста на мерилата поставени во нивните домови и комерцијални објекти, лично ќе можат да се уверат во исправноста.

Информации за можностите за соработка со лабараторијата ќе може да се побараат преку е-маил  и телефон 025514031.

Технички, со опремата која е набавена ќе може да се испитуваат, механички, ултразвучни и електромагнетни водомери за ладна и топла вода, сензори за проток на вода, отпорнички термометри и термометри со течност во стакло, како и компактни и раздвоиви мерила на топлинска енергија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1