На 20.07.2015 година, околу 05,00 часот на регионалниот пат Прилеп-Скопје случена е сообраќајна незгода во која Влатко Т. (32) од Прилеп управувајќи моторцикл „Сузуки“ удрил во рекламно пано.
Од здобиените повреди возачот починал на лице место. Од страна на ПС Прилеп излезено е на местото на настанот и извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.