Може ли намалувањето на стресот да биде толку едноставно?


Во денешно време стресот е секојдневие на секој човек, дотолку што ако не го почувствувате барем повремено тогаш најверојатно не обрнувате внимание на она што се случува во светот и околу вас.

Лековите против анксиозност се моќни но и опасни, исто така предизвикуваат и зависност, а тоа со себе повлекува симптоми кои може да бидат толку силни и да создадат епилептични напади, анксиозност и низа штетни влијанија врз здравјето. Парадоксално но симптомите се идентични со состојбата поради која е започнато лекувањето – особено лекување со лекови од групата бензодијазепини.

Поради ова во моментов природното алтернативно лекување е потребно повеќе од било кога, доколку сакаме да се избориме против ова секојдневно пореметување. Во едно неверојатно откритие објавено во 2002 година во јапонски списание за фармакологија истражувачите откриле дека со едноставно вдишување на масло од рози ја намалува активноста за четириесет проценти и ја намалува концентрацијата на адреналин за 30 отсто.

Многу цветови се погодни за смирување на човековото тело и душа. Исто така испитувано е и маслото од лаванда поради способноста да го намали стресот, анксиозноста, агресивноста.

Арома терапијата делува со арома која го активира лимбичниот и мирисниот дел од мозокот. Наместо со ингестија (внесување) на хемиски лекови па дури и нивна билна варијанта, арома терапијата овозможува директно делување до мозокот низ дишните патишта преку вдишување на мали молекули кои се наоѓаат во етеричните масла.

Тоа исто така овозможува висока граница на сигурност во однос на оралниот внес или по пат на инјектирање. Стресот и анксиозноста се само две от 30 медицински или психички проблеми кои се проучувани во врска со арома терапијата.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1