Откриен близнакот на нашиот сончев систем


Сончев систем со планети подредени исто како и во нашиот е откриен на оддалеченост од 1000 светлосни години од Земјата.

Научниците од универзитетот во Масечусетс пронашле група планети кои изгледаат како одраз на нашиот сончев систем, а нивните орбитални рамнини се паралелни со екваторот на планетата Кеплер 30 околу која кружат.

Во овој сончев систем има само три планети за разлика од нашиот кој има осум, но, ова е прв пат да биде откриен ваков вид на порамнување во било кој систем надвор од сончевиот.

Професорот Дрејк Деминг од Универзитетот во Мериленд открива дека станува збор за фасцинантно откритие кое ќе ги поттикне луѓето да продолжат со истражувања на универзумот и со помош на научниците да откријат повеќе детали во врска со настанувањето на светот.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1