Нобеловецот вонбрачната ќерка ја добил со Милева Мариќ. И го дале името Лизерл, но никој не знае што се случило со неа.
Веројатно најпознатиот научник на сите времиња, Алберт Ајнштајн се родил на вчерашниот ден пред 137 години во областа Виртемберг која била дел од Германското царство. Со распаѓањето на царството тој останал без земја, па станал Швајцарец, по тоа Австриец, повторно Германец, а последните петнаесет години од животот ги проживеа како Американец.
Уживал во едрење но никогаш не научил да плива. Ајнштајн бил уметничка душа,а тврдел дека веројатно би бил музичар да не беше физичар.. Свиреше виолина, а музиката ја сакаше бидејќи ја поттикнувала неговата имагинација. Не беше еден од оние кои имаат многу доверба во образованието ниту школството. Познати се неговите тврдења дека мечтата е многу поважна од образованието, затоа што тоа е ограничено, додека мечтата го движи светот.
Оние кои го обожуваат неговиот лик и дело често се занимаваат со анализи, не само на делата, туку и зборовите и начинот на животот. Така дознале, помеѓу другото, дека ретко носел чорапи, но и дека како домашен миленик имал депресивен папагал на кој му раскажувал вицови за да го расположи.
Една од ретките темни дамки во неговиот живот е одрекувањето од вонбрачната ќерка која ја добил со Милева Мариќ. И го дале името Лизерл, но никој не знае што се случило со неа. Една од најприсутни теории околу неговата ќерка е дека заедно со Милева решиле да ја дадат на посвојување.
Алберт Ајнштајн стана икона на науката, особено физиката, а гримасата на симпатичен бушав дедо кој се плази многумина и денес ја копираат. По неговата смрт во 1955 година патолог го земал неговиот мозок и го чувал дури 40 години.
republika.mk