Му ги извадил сите заби за да го излечи од импотенција и шизофренија


Стоматолог од Минхен тврдел дека е исцелител и дека можел на еден свој пациент да му помогне да добие способност духовно да се излекува така што му ги извадил сите „отровни заби“.

Стоматологот кој на пациентот му ги извадил сите заби за да му ја излечи еректилната дисфункција мора да му плати отштета од 20.000 евра.zabarka

Алекс С. се согласил да му бидат извадени 19 заба во рок од три недели и за тоа платил 2.000 евра, а верувал дека тоа ќе му помогне да се излечи од импотенција и шизофренија.

Во писмото упатено до неговиот адвокат, стоматологот напишал дека на својот пациент му помогнал така што му ги извадил сите „отровни заби“, но подоцна  се бранел дека морал да му ги извади бидејќи неговиот пациент имал воспаление на коските и дека бил алергичен на пломби. Сепак, истрагата покажала дека немало основа да се направи таков зафат.

Докторот дури побрал да му се исплати отштета од 50.000 евра поради нарушувањето на неговиот углед. Сепак, тој ќе мора на Алекс С. да му плати нови забни импланти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1