Кристијан Лидстер (31) им се пожалил на вработените дека неговата сметка е преголема за она што го испил, а потоа обезбедувањето пукало во него од воздушна пушка.
Британскиот турист го изгубил окото откако бил во стрип клуб во Полска, а останал без сетилото за вид затоа што не сакал да плати 140 евра за 4 пијалоци.
Тој во клубот Hypnose Gentleman’s Club во Краков отишол да го прослави 30 сетиот роденден на својот пријател. Членот на обезбедувањето кој на него пукал неколку пати е уапсен.
– Изгледаше како окото да ми експлодира! Мислев дека целата глава ми пукна, бидејќи почувствував голема болка! Крв имаше на сите страни. Среќен сум што сум жив, рекол Кристијан.
По инцидентот, го однеле во болница, каде докторите ги извадиле куршумите од неговите гради, пределот под вратот и неговото десно око. Направиле се` што можеле но не успеале да у го спасат окото.
Се вратил назад во Велика Британија. Напаѓачот 38 годишен е уапсен и ќе му се суди за обид за убиство. Ова не прв пат туристи да бидат мета на измами велат од полицијата. И ги советуваат туристите да не влегуваат во сомнителни барови и да не прифаќаат кога им нудат наводно евтини пијачки или бесплатен влез. Тука обично се крие измамата. Прашајте во вашиот хотел кој е безбеден клуб каде да се забавувате.