Предраг Л. Вчера околу 19.30 часот на паркингот кај старото сајмиште во Белград се полил со бензин себеси и дежурните полицајци и ги запалил.
Тој во оваа прилика е тешко повреден додека полицајците поминале со полесни телесни повреди.
Според медиумите, Предраг бил видно изнервиран зошто пајакот два пати му го однел автомобилот. Првиот пат дошол и платил, па си заминал со автомобилот. Но неколку часа подоцна пајакот пак му го однел автомобилот што очигледно не можел психички да издржи.
-Тој дошол со две полни шишиња бензин. Пред влезот во Паркинг сервисот се полил со бензинот, а дежурните полицајци веднаш забележале дека сака да се самозапали. Тогаш притрчале до него во обид да го спречат, но тој тогаш се запалил, велат очевидци.