Му стигнала сметка од милион долари за телефон – се тужи со компанијата


Американецот Мајкл Смит води судски спор со компанијата AT&T бидејќи му доставила сметка за мобилниот телефон од 1 милион долари. Мајкл тврди дека сметката е направена со измама.

Американецот од Ипсвиц – кој има своја мала компанија тврди дека во 2009 некој провалил во телефонскиот систем на компанијата и направил сметка од речиси 900.000 долари со позиви кон Сомалија кој траеле со часови. AT&T него му ја доставила сметката и бара од Смит оштета од вкупно 1.15 милиони долари.

Смит за весникот Salem njuz изјавил дека во неколку наврати барал од компанијата да ја поништи сметката, но тие одбивале.

Доколку го изгуби спорот Мајкл вели ќе ја плати сметката – но ќе ја затвори фирмта и ќе ги отпушти своите 14 вработени. Сепак поднел и против тужба за заштита на правата на потрошувачите и се надева дека вистината ќе излезе дека тоа не е негова сметка. Во компанијата му рекле дека не постои начин да докаже дека тој не ги направил повиците кон Сомалија, а тие немаат регистрирано упад во системот.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1