Му удрил шамар на расплакано бебе – доби 8 месеци затвор


Поранешен високопозициониран службеник на американската компанија „AGC Aerospace&Defense” е осуден на осум месеци затвор бидејќи во тек на лет му удрил шлаканица за расплакано момченце и го нарекувал со погрдни имиња бидејќи било црнче, додека неговата адвокатка инцидентот го припишала на алкохолизраната состојба поради емоционалната болка.

Како што пренесува во вторникот Reuters, 61-годишниот Џо Рики Хандли, кој се извинил на мајката на момченцето, во февруари 2013 година му влепил шлаканица тогаш 19-месечното момченце во авион на компанијата „Delta Air Lines” на летот од Минеаполис за Атланта.

22fa3617-094a-4b1c-a2ed-e3154e985e6c„Многу ми е жал. Најлошиот ден во животот хо направив уште полош и себеси и на другите”, рекол Хандли. Тој на пат за Атланта бил за на својот син кој умирал да го симне од апаратите за одржување во живото. Адвокатката објаснила дека бил емотивно скршне и во поднапиена состојба. Обвинителството предлагало шестмесечен затор, о сепак судијата се решил за построга казна.

„Немате правo да кренете рака на друго човечко суштество”, рекол судијата образложувајќи ја својата одлука. Притоа, како околност при носењето на пресудата е земен и фактот дека Хандли и претходно имал пресуда за насилно однесување.

Џесика Бенет, белкиња којашто го усвоила црното машко бебе, пред судот изјавила дека личната трагедија на Хандли не е изговор за насилството. Таа и нејзиниот сопруг, имено, пред години на ист начин како Хандли го загубиле нивното новороденче. „Меѓутоа, не реагиравме насилно на нашата болка”, додала Бенет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1