Трудница застрелана во глава – по 4 месеци во кома се породи – мајката почина


Каролина Сепе (25) од околината на Наполи, Италија, била застрелана во главата минатиот август кога еден сосед влегол во нејзиниот дом со цел да го убие татко и. Таа тогаш била во десеттата недела од бременоста и паднала во кома.

65544Каролина починала пред три дена, 16 дена по раѓањето на ќеркичка со царски рез. Бебето тежело 1,1 килограми.Градоначалникот на малото место Лаурo во кое е родена Марија Лилиана, изјавил дека општината ќе се погрижи за иднината на бебето.

Виновник за трагедијата е Доменико Аскетино, кој на 25 август минатата година сакал да го застрела таткото на Каролина, Винченцо, поради сообраќајна несреќа.

Аскетино влегол во семејната куќа и смртно го застрелал Винченцо. Потоа тргнал и кон останатите членови на семејството. Братот на Каролина и нејзината мајка ги ранил, ја убил и нејзината баба.

Сопругот на Каролина, Џампјеро Синискали го избегнал масакрот откако избегал низ прозорецот од купатилото со двегодишниот син Елисео.

По несреќата тој ја напуштил работата и постојано бил покрај Каролина во Болница, очекувајќи таа да се разбуди. Еднаш дури рекол оти е сигурен дека таа го слуша него и нивниот син и дека забележал како и течат солзи низ лицето.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1