Муслиманите го слават Курбан Бајрам


Со утрински молитви во џамиите и верските објекти низ Македонија, муслиманите го прославуваат првиот ден, на еден од двата најголеми празници во Исламот, Курбан Бајрам.

kurban-bajram-Курбан Бајрам се прославува четири дена и се нарекува аџиски затоа што во Мека се завршува главното годишно собирање на аџиите, кое е обврска на секој муслиман барем еднаш во текот на животот, доколку му дозволуваат финансиските можности.

Празникот почнува два месеца и 10 дена по Рамазан, а првиот ден се одредува според појавувањето на младата Месечина.

Курбан Бајрам или празникот на жртвата секоја година се паѓа различно, затоа што исламската лунарна година за околу 11 дена е покуса од Грегоријанскиот календар.

По утринската молитва во џамиите, се посетуваат гробиштата. Традиционално се принесува и жртва овца, а курбанското месо се дели на три дела – еден за сиромашните, друг за роднините, а третиот се остава во куќата. Курбанското месо се дава и на припадници на друга вера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1