Махмут Бушатлија, угледен белградски економист потврди за „Вести“ дека се вратил во православието, по 500 години, од кога неговото семејство поминало во исламската вероисповед.
-Им се вратив на корените од пред пет века, колку што беше исламизирано моето семејство. Не мислам дека тоа е нешто необично, бидејќи се вратив таму каде што порано припаѓав, изјави Бушатлија, еден од најпознатите економски експерти за странски инвестиции во Србија.
Потомокот на Скендер бег Црнојевиќ и Махмут паша Бушатлија се врати во праволавната вера на 15 февруари. Тој, како што е соопштено од Митрополијата црногорска -приморска, на крштевањето го добил името Станко, а светиот чин бил извршен во цетињската црква на Чипур, на гробот на Иван Црнојевиќ. Крштевањето го извршил секретарот на ЕУО Митрополијата црногорска приморска, архиерејскиот фотопрезвитер, Обрен Јовановиќ.
„Кум ми беше митрополитот црногорски – приморски Амфилохие. Инаку бев и останав комунист и голем поданик на идеалот на француската револуција и париската комуна, чија идеја е слична на христијанството“, вели доктор Бушатлија.