Британскиот премиер Дејвид Камерон на тврдењето дека американците спречија муслиманско семејство од Велика Британија да отпатува за Дизниленд рече дека со големо внимание ќе се испита случајот.
Стела Криси од опозициската Лабуристичка партија изјави дека САД не дале образложение зошто одбиле 11 членови од муслиманската фамилија да влезат во авион за Америка. По ова Криси бараше од Камерон да реагира.
Мухамед Захид Махмуд за Би-Би-Си изјави дека неговата фамилија не добила никакво објаснување, освен дека не им е дозволено да влезат во САД.
Од канцеларитјата на Камерон соопштија дека ќе го испитаат овој случај кој е особено осетлив, откако кандидатот за претседател Доналд Трамп предложи да им се забрани влез на муслиманите во САД.
Американската амбасада во Лондон одби да го коментира случајот.