МВР ќе ги казнува сите кои изнесуваат дезинформации, како и медиумите кои ги пренесуваат истите


Министерството за здравство ги известува корисниците на социјалните мрежи да не споделуваат и шират непроверени, односно лажни вести за коронавирусот со кои се создава паника меѓу граѓаните.

Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојбано и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести, велат од МВР.

Оттаму апелираат и до медиумите и до корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавени податоци од надлежните институции.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1