Истрагата за местење фестивали се пресели и на сцената на народната музика – објави „Алфа“. По „Скопскиот фестивал“ сега се утврдува како се гласало на два фестивала за народна музика кои се одржаа годинава.
Причина повеќе за сомнежот дека осомничените кои според МВР вмеша прсти во телевоутингот за избор на песна за Евровизија, влијаеле и на пласманот на други фестивали, е фактот што во собраните докази при претресот во двата стана каде се вршеше групното координирано гласање биле пронајдени цели списи и извештаи за еден фестивал на народна музика кој не се одржува во Скопје.