МВР: Оштетени споменикот на АСНОМ, фасадата на Министерството за култура и две возила на вчерашниот протест


Оштетување на споменикот на АСНОМ во Жена Парк, фасадата на Министерството за култура и две патнички возила регистрирала полицијата по вчерашниот протест.kultura-640x360

Од МВР денес информираат дека вчера во периодот од 18 до 21.35 часот во централното градско подрачје се одржа протест организиран од неформално здружение ,,Протестирам“, кој започнал пред објектот на СЈО, а околу 19.10 часот се префрлил пред Собранието на Република Македонија.

-По кусо задржување пред Собранието насобраните граѓани околу 19.30 часот се упатија кон плоштадот Македонија каде се задржаа до 19.50 часот. Протестот потоа продолжи по булевар ,,Партизански Одреди“, по улицата ,,Аминта Трети“ , улица ,,Мирослав Крлежа“ и пред Министерството за култура. Протестот заврши пред Владата на Р.Македонија околу 21.35 часот, информираат од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1