МВР приведе 8 малолетници за тепачката во автобусот 22 на ЈСП


Полицијата приведе осум лица на возраст од 15 до 17 години кои учествувале во тепачката што се случи вчера во автобусот на ЈСП со број 22.

Се работи на утврдување на причините за инцидентот, но според првичните сознанија најпрвин била започната вербална расправија што подоцна резултира со тепачка, информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Според МВР, тепачката меѓу две групи малолетни лица се случила вчера околу 12:20 часот на булевар „Партизански Одреди“ во близина на мостот „Обединети Нации“, во автобус на ЈСП број 22 што сообраќал на релацијата село Никиштани-Транспортен центар Скопје, настанала тепачка помеѓу две групи малолетни лица. Во едната група учествувале М.П.(17), Н.С.(17), Н.А.(16), С.М.(17), а Е.О.(16), Ј.Е.(16), С.А.(15), С.К.(17) од друга страна. При тепачката учесниците употребиле ножеви, метална палка, дрвена рачка.

Притоа со повреди се здобиле Ј.Е. и С.К. учесници во тепачката како и патниците В.Г.(66) и М.А.(23) кои по настанот побарале лекарска помош во ГОБ 8-ми Септември каде од страна на лекар им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Според Котески, со приведените малолетници е разговарано во присуство на нивните родители, а исто така е извршен разговор и со другите очевидци кои што биле присутни во автобусот за време на инцидентот.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1