МВР: Распоредени единици во Гошинце, полицијата го обезбедува теренот


Теренот околу караулата Гошинце, која ноќеска беше нападната, се обезбедува и се создаваат услови за непречено и безбедно одвивање на увидот, изјави попладнево помошник министерот за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи Иво Котевски.

Во Гошинце и во околината се распоредени единици на полицијата која го обезбедува теренот.mapa500

Котевски за МИА рече дека се направени и контакти со косовските власти и оти за утре се очекува да се одржат состаноци на највисоко ниво. Комуникација и состаноци ќе има и со српските безбедносни структури.

Како што претходно денеска соопшти МВР, поголема вооружена група од 40-тина лица ноќеска во 2 часот и 30 минути ја нападнаа карулата Гошинце во близина на границата на Македонија со Косово при што биле заробени четворица полициски службеници кои биле дежурни во караулата.

Министерството за внатрешни работи случајот го окрактеризира како терористички напад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1