МВР со детали за трагедијата во Чаир – Младите момчиња починале на лице место


Околу 11.00 часот пријавено е дека во Скопје на улицата “Кемал Сејфула“ спроти поликлиника “Чаир“, при вршење ископ на земјиште за водоводна мрежа со багер управуван од 55-годишниот А.М. од Скопје, дошло до лизгање на земјиште и притоа затрупани биле три лица што работеле на ископот.

На местото на настанот биле испратени две екипи од Итна медицинска помош и екипа од Бригадата за против пожарна заштита. 26-годишниот А. М. и 28-годишниот М. М. починале на местото на настанот, додека 55-годишниот Е.А. од Скопје со возило на итна медицинска помош е пренесен за укажување лекарска помош во ГОБ “Наум Охридски“.

Смртта на починатите ја констатирал доктор од Итната помош.

За настанот известени се дежурен Јавен обвинител и дежурен трудов инспектор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1