Лекар од Гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Штип вчера пријавил дека на наведеното одделение за време на породување починало непознато женско лице.
Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за Н.К.Б. (26) од Штип.
Од извршениот разговор со конзилиум на доктори при Клиничката Болница од Штип констатирано е дека сега починатата со упат од матичниот гинеколог, најпрво, била примена на Инфективното одделение, каде што здравствената состојба и се влошила, по што била префрлена на Акушерското одделение, по што состојбата уште повеќе и се влошила и починала. По извршената реанимација, откако К.Б. починала, бил направен обид со царски рез да се спаси бебето, но истиот останал безуспешен. Било извадено мртво новороденче.
По наредба на Јавен обвинител телата биле предадени на обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчситување на случајот.