Двајца скопјани со клоци и тупаници ги решавале меѓусебните недоразбирања додека биле гости во кафулето “Њу Орлеанс” во Старата чаршија во Скопје. Од МВР велат дека се работи за физички напад и при увидот не е утврдено кршење на просторот, ниту бил нападнат некој од вработените.
“Се работи за тепачка меѓу двајца гости. Нема оштетување на просторот и не е нападнат никој од вработените”, информираат од МВР.
Гостинот кој бил нападнат е Џ.Ф. (30), а идентитетот на напаѓачот се утврдува.
Пред околу една недела, група момчиња, поради македонска музика, предизвикаа инцидент, ги нападнаа вработените и го искршија кафулето. За настанот, полицијата приведе две лица. Едното од нив е во притвор, во траење од осум дена.
Според полицијата, двата инцидента не се поврзани.