5 мина млади краделе по продавници, плажи, обивале автомобили – користеле шипки, но и боксови. Не ги поштедиле ниту црквите во охридско и струшко.
Мвр уапси 5 лица на возраст од 17 до 23 години. Повеќе од еден месец 5 мината краделе по плажите во Охрид и Струга. Според МВР сториле седум тешки кражби, и три кривични дела кражба.
Уапсени се М.М.(20) К.Н.(17) А.Ј.(21) Е.Ј.(19) М.Ј.(23) сите од Скопје.
Крадците од паркирани автомобили и од плажи, одземале пари, лап-топ компјутери, мобилни телефони, златен накит и други вредни предмети, со што се стекнале со против-правна имотна корист од близу 120.000 денари.
Според документираните сознанија, петчлената група, во продавницата “Оптика“ во Охрид лоцирана на улицата „Св.Климент“, со тупаница ја нападнале вработената, која се обидела да им се спротивстави во момент, кога тие ги одземале парите од дневниот промет во вкупен износ од 15.000 денари. Пријавената група, користела штрафцигери и друг соодветен алат и насилно влегле во менувачница, од каде одзеле 4000 денари, 40 евра, лап топ компјутер марка „Леново“, два мобилни телефони, а со помош на метална шипка, откорнале дел од вратата на црквата “Св.Никола болнички“ од каде, одзеле 10.000 денари.
На истиот начин, тие влегле во еден бутик, цвеќара и продавница во Охрид, притоа одземајќи пари и други вредни предмети, во вредност од околу 30.000 денари, додека од златара во Струга, одзеле златен накит. Од паркиран автомобил, оставен незаклучен на паркингот кај комплексот „Горица 3“, одзеле 240 евра, од ноќен клуб во Охрид, од женска ташна, одзеле мобилен телефон, а од несесер оставен до шанк на плажа, одзеле 130 евра и 3650 денари.
Дел од пронајдените пари и другите вредни предмети, се одземени и вратени на оштетените.