Веќе од петок (15-ти февруари) ќе се пристапи со демонтажа и рушење на салата, а потоа ќе се започне со изградба на новиот спортски центар “Јане Сандански“, кој ќе биде со капацитет за 5000 гледачи, и е предвидено да се комплетира за 18 месеци.
Без страв, без срам, гордо и храбро, до самиот крај, како и секогаш, навивачката група “Фемили Аеродром“, граѓаните на Општина Аеродром и сите вљубеници на кошарката, од најстара до најмлада возраст заеднички, навивачки го проследија последниот тренинг на клубот МЗТ Скопје Аеродром и опростувањето од салата “Јане Сандански“.
Низ историјата навистина оваа сала спојувала многу генерации, имаше сведоци на тажни и радосни моменти на овој кошаркарски бисер. Пораз или победа, секогаш “Фемили Аеродром“ биле во најтешките моменти, буквално од амбис, да помогнат за доброто на клубот, со љубов , со срце.
Кошаркарите на МЗТ Скопје своите мечеви во домашното првенство и АБА лигата ќе ги игра во СЦ “Борис Трајковски“, а до комплетирањето на новата сала, навивачите со порака:
ЗА НАС ЖИВОТ, ЗА ДРУГИТЕ ИМЕНКА, ВЕЧНО ЌЕ ЖИВЕЕ
Извор/Фото – Спорт арена