На 7 години се открива дали децата ќе се богати и на позиција – вели ново истражување


Новото провокативно истражување укажува дека математичките и јазичните способности во основното училиште се клучен показател за идниот социоекономски статус во повозрасните години.

h-RICH-KIDS-348x516Всушност, студијата која ја спровеле истражувачите од Универзитетот во Единбург покажала дека децата кои на седум години се вешти во математика и читање, ќе прераснат во лица кои на 42 години би биле позиционирани висока на социоекономската скала.

Авторот на истражувањето Стјуарт Ричи, докторант на универзитетот изјавил дека и самиот бил изненаден со откритието.

„Многу психолози дури и порано укажувале дека покрај општата интелигенција, за успехот на поединците важни се математичките и јазичните вештини“, вели Ричи.

Студијата следела 17 638 Англичани, Шкоти и Велшани и 920 имигранти од 1 до 50 години живот. Собрани се податоци за начинот на живот на овие поединци во нивната седма, единаеста и 42 година. Кога испитаниците имале седум години, истражувачите ја испитувале социоекономската подлога на нивните родители, како и математичките и јазичните вештини.

На 11 години им е измерен коефициентот на интелигенција, а на 16 мотивацијата за понатамошно образование. Кога испитаниците наполниле 42 години, мерено е траењето на нивното школување и социоекономскиот статус – колку пари заработиле. Студијата е објавена во мајското издание на магазинот „Psychological Science“.

Hajd park

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1