СЗО потврди: Болничарка се заразила со новиот вирус од пациент


Двајца медицински работници во Саудиска Арабија се заразиле со коронавирусот од пациентите коишто ги лечеле што претставува прв доказ дек вирусот може да се пренесува од човек на човек во болница, објави во четвртокот Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

„Ова е првпат кај здравствени работници да е дијагностицирана инфекција со новиот коронавирус откако биле во контакт со заразени пациенти”, објавија од седиштето на Светската здравствена организација во Женева.

A medical assistant holds up a H1N1 flu vaccine at a hospital in BelgradeЗаболените медицински лица се 45-годишен маж кој се разболел на 2-ри мај и се наоѓа во критична состојба, како и 43-годишна жена која се разболела на 8-ми мај, а нејзината здравствена состојба е слаба, се наведува во соопштението на СЗО. Франција, исто така, објави дека вирусот се пренесува во рамките на болницата во Лил, меѓутоа во овој случај станува збор за пренесување на вирусот од пациент на пациент откако два дена делеле иста болничка соба.

Првите случаи на инфекција со новиот вирус беа регистрирани во средината на 2012 година. До денес вирусот е откриен кај пациенти во Саудиска Арабија, Јордан, Велика Британија и Германија. Од 34 случаи на овој сој вирус на тешкиот акутен респираторен синдром, 18 лица починаа, од кои 11 во Саудиска Арабија, а седум во првата седмица во мај.

H1N1-virusНовиот коронавирус или nCoV од фамилијата вируси од којашто потекна и SARS-от (Severe Acute Respiratory Syndrome – SARS – Тежот акутен респираторен синдром познат и како „атипична пневмонија”), заразна болест која првпат беше откриена во ноември 2002 година во јужниот дел на Кина од кој починаа повеќе од 800 луѓе, а се прошири во 29 држави. И покрај тоа што имаше релативно мал број случаи регистрирани во светот, опасноста од инфекции и ширење на епидемијата е реална бидејќи широката светска популација нема стекнато имунитет.

Како и SARS-от, и коронаворусот nCoV и другите слично вируси, може да предизвикаат кашлање, температура и воспаление на белите дробови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1