Субрата Рој почна да ги враќа парите што ги должи – ќе му остане ли за во Македонија?


Индискиот регулатор на пазарот SEBI стартуваше со процесот на поврат на парите што компанијата на Субрата Рој ги должи на граѓаните. Индиските медиуми јавуваат дека се враќаат парите  што им се должат на индивидуалните сопственици, но парите се враќаат само во оние случаи каде регулаторот на пазарот SEBI утврдил целосна легална документација, пренесува Фактор.мк.

subarta2Индиското регулаторно тело СЕБИ, со одлука на Врховниот суд нареди компаниите на милијардерот Субрата Рој, да вратат околу 4,4 милијарди долари на измамените 2 милиони граѓани, а бидејќи парите не се враќале согласно предвидената динамика од државата, сметките на компнииите на Рој, како и на директорите беа замрзнати.

Македонија не се откажува од инвестициите на Субрата Рој

Новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, неодамна изјави дека Субрата Рој сепак ќе го гради својот хотелски комплекс во Љубаништа. Бакрачески посочи и  се сретнал со преставници на индиската компанија Сахаријан Македонија на која биле договорени повеќе детали за проектот.

Според плановите, индиската компанија во Охрид треба да гради монденски туристички центар на Охридското Езеро. Комплексот ќе содржи луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода. Ќе се простира на површина од 240 хектари,  а го има изработено британската Аткинс.

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1