Почнува да се копа во рудникот Алшар и на уште 49 локации


На 50 локации во 29 општини, вклучувајќи го и локалитетот Алшар, наскоро почнува да се бара злато, бакар, железо, мермер и други метални руди, неметали и украсен камен.

alsarНа јавниот повик за најголемиот досега пакет за детални геолошки истражувања на кој беше понуден 61 локалитет, избрани се 50 концесионери кои најдоцна за еден месец треба да уплатат надоместок во вкупна вредност од 50 милиони денари и да почнат со работа.

Поголемиот дел од концесионерите се домашни фирми, а има и неколку странски, од Австрија, Турција, Канада, Велика Британија и Бугарија. Сите тие имаат рок од најмногу четири години да го истражат локалитетот кој го добиле под концесија, а потоа до Министерството за економија да поднесат извештај за резултатите од истражувањето и да решат дали ќе поднесат барање за експлоатација и да отворат рудници.

Атрактивниот локалитет Мајден кај Кавадарци, попознат како Алшар го доби скопската компанија Инфо Групп.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1