На 99 години и соопштиле дека е бремена


Откако после направената анализа на крв од болницата добила известување дека е бремена,  Британката Дорис Ејлинг останала запрепастена.

Во дописот кој оваа 99 годишна жена од Богнор Риџис, во Сасекс, го добила на куќната адреса пишувале дека треба што поскоро да закаже гинеколошки преглед и во таа прилика да донесе примерок од урина. Од болницата исто така ја известиле за очекуваниот датумот за породувањетоbaba.jpg500

„Наскоро ќе наполнам 100 години, па како можам да останам бремена? – се запрашала оваа старица која својата необична приказна ја раскажа за таблоидот „Сан“.

„Имам три деца и 20 внуци, а последниот пат бев бремена пред 70 години“ – навела таа низ смеа, додавајќи дека и бил наведен и датумот на нејзиното раѓање: 21 ноември 1915 година.

Во болницата Ферхејм, која во меѓувреме и се извини на Дорис за евентуалната непријатност, изјавуваат дека станува збор за “административна грешка“, некој од надлежните едноставно ги заменил наодите.

Во секој случај, овој “инцидент“ ги насмеал членовите на семејството на Дорис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1