На агенциите не плаќајте им долг за заостанати сметки


Во последно време граѓаните добиваат дописи во кои се наведени како должници на определени јавни претпријатија од непознати „агенции“. Притоа, освен тоа што се наведува дека постои долг, често во ваквите дописи нема од што произлегува долгот и кон кого е направен. Дури во прилог со известувањето има и уплатница пополнета со сите податоци и паричните средства што треба да се платат

smetka radiodifuzija

Овие агенции во основа немаат посебна правна форма при наплата, туку се фирми за вршење услуги. Ваквиот документ не е обврзувачки за граѓаните и немаат никаква обврска да ги платат. Исто така, граѓаните немаат обврска да преземат какво било правно дејство за да го оспорат таквиот повик, односно да напишат приговор, жалби и сл.

smetki
Kомуналните сметки – рокот за застареност изнесува една година од денот на настанување на обврската за наплата, а за фирми три години.  дека рокот за застареност е исполнет мора да се истакнува уште со приговорот затоа што подоцна, особено во жалбената постапка, ако не сте го истакнале, немате право да го истакнете, а и да го истакнете, нема да се земе во одлучувањето.

Приговорот треба да содржи четири битни елементи

прво, до кој нотар се упатува со сите негови податоци;

второ, бројот и датумот на решението против кое се поднесува;

трето, причини поради кои се поднесува и ако имате докази да ги наведете и да ги доставите со приговорот (може и фотокопија) и

четврто, задолжително приговорот мора да има потпис на должникот. Истото се однесува и на жалба против решение за трошоци. Образложението може да биде формално и да се приговори само со неколку реченици и тоа во целост.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1