Пред една недела македонецот Здравко Дејановиќ го освои и врвот Анапурна 1 на Хималаите висок 8.091 метар, кој се смета за еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување.Ова е огромен успех за македонското планинарство. Дејановиќ со ова стана прв и единствен Македонец кој досега се качил на три врва над 8.000 метра, пишува МКД.МК
Алпинецот, на 49 годишна возраст, на својот алпинистички поход добил смрзнатини на прстите на десната рака од четврти степен, смрзнатини на прстите на левата рака од прв степен, како и смрзнатини на прстите на нозете од прв степен.
Смрзнатината е здобиена кога ја извадил ракавицата од својата десна рака како би го поставил Македонското знаме на освоениот врв. Дејановиќ ја поминал ноќта на висина од 7.400 метри. Не примал никакви лекарства четири дена и се јавил во клиника во Катманду на 28 март.
2 алпинисти загинаа – хеликоптер го спасуваше Македонецот Дејановиќ од Хималаи