Еден од најпопуларните сервиси за временска прогноза на светот, Accuweather, објави сезонска временска прогноза, предупредувајќи на висок ризик од поплави.
Најризични подрачја се централна Италија и Балканот, зафаќајќи дел од Унгарија и Словачка на север, како и Грција и Турција на југ.
Кога температурите постепено би се зголемиле, снегот од Динарските планини и Карпатите ќе почне да се топи, што ќе доведе до голем пораст на водостојот на реките.
Македонија се наоѓа во средина на подрачјето со висок ризик од поплави, а покрај снегот што ќе се топи, се очекуваат и обилни врнежи од дожд.
Што се однесува на температурата, таа ќе биде под просекот за ова доба од годината. Врнежите нагло ќе се зголемат од април до мај.