На барање на Фрчковски Судот ја забрани книгата на Стојан Андов за атентатот на Глигоров


Основниот cyд Скопје-2 донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Стојан Андов со наслов “До атентатот и по него” во која тој имплицира вмешаност во aтeнтaтот на Глигоров на Фрчкоски (па и Црвенковски) поради повреда на личните права на тyжителот Љубомир Фрчкоски.

Адвокатот кој го застапува Фрчкоски, Ирена Фрчкоска, во изјава за Либертас потврди дека судот донел вакво решение, и изрекол забрана за понатамошна продажба и располагање со спорната книга на Андов, по поднесена тужба за содржани клевети кон тужителот, како и предлог за времена мерка.

Имено, книгата содржи шокантно клеветничка содржина, од најексплицитен вид досега напишана, со која е извршена тешка повреда на личните права на тужителот, повреда на неговиот чест и углед како граѓанин. Сметаме дека штетата е веќе направена со самото објавување на книгата, нејзино пренесување и промовирање во јавноста, но на овој начин тужителот ќе добие морална сатисфакција, за делумно да се намали нанесената штета
Ова е прва одлука кај нас со која се забранува понатамошна продажба и користење на книгата и само ваква одлука во конкретниот случај е правилна и сосема основана и има за цел да ги намали последиците кои настанаа од нејзиното објавување – вели таа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1