Десетгодишниот Кејлеб Шваб починал синоќа после несреќата која се случи за време на возењето на највисокиот тобаган на светот „Веракт“ висок 50 метри, кој се наоѓа во водениот парк во Канзас Сити.
На детето за време на возењето отсечена му е главата. Со Кејлеб во гондолата се наоѓале уште две жени, од кои една се здобила со повреди на лицето. Истрагата треба да покаже дали причина за несреќата се неисправни каиши или нешто друго.
Тобоганот ќе биде затворен за јавност до крај на сезоната. Инаку на него и порано се случувале инциденти, но ниту еден не бил толку драматичен.
За да можете да се возите со овој тобоган на стравот, потребно е да сте високи 140 сантиметри и тешки заедно со сите лица во гондолата најмалку 180 килограми.