На Елвис Присли му било пишано да умре – и да не се предозирал ќе починел


Резултатите од деталната генетска анализа покажале дека кралот на рок ен ролот, Елвис Присли, боледувал од генетско пореметување на срцевиот мускул.

elvis-prisliПриказната од документарната серија „Dead Famous DNA“ сигурно ќе ја потресе неговата фамилија и обожаватели кои денеска бројат милиони.

Направената ДНК од косата на Елвис покажала дека пејачот пател од хипертрофична кардиомиопатија, а симптомите се неправилно чукање на срцето, умор и зголемен крвен притисок.

Сето тоа значи дека музичката икона која без оглед на начинот на живот, во гените му била запишана рана смрт.

ДНК анализата била направена откако за 2 илјади долари ја купиле неговата коса од неговиот личен фризер, но авторите на серијалот тврдат дека е доказите се автентични.

Водителот Марк Еванс, кој во овој документарен серијал трага по ДНК на познатите личности, од Чарлс Дарвин до Наполеон и Мерлин Монро, вели дека резултатите од анализите се фантастични.

„И Елвис и неговиот лекар со години ги обвинуваа за неговата прерана смрт. Се мислеше дека прејадувањето и предозирањето со лекови е причината за неговото заминување во историјата“, изјавил Марк.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1