Подгответе се – Мајкрософт легално ќе „шпионира“


Според новата политика, секое писмо во Хотмејл ќе може да биде прочитано од секој што ќе го посака тоа – без судски налог и други формалности.

kontrola-interneta-vladaМајкрософт“ направи промени во условите за користење на услугите Хотмејл и Аутлук. Отсега натаму доволен услов за добивање пристап до маиловите и податоците на корисникот ќе биде само присуството на сомневање дека тој се занимава со нелегална активност – без докази или судска наредба

Промените се поврзани со инцидентот што се случил уште во 2012 година. Тогаш Стивен Синофски, кој во тоа време беше шеф на еден оддел во „Мајкрософт“, кој се занимава со развојот на Виндоус, добил по електронска пошта изворен код на услугата за активирање Виндоус 8 со барање да ја потврди неговата автентичност. Како што се покажало, испраќачот го добил кодот од човек што користел Хотмејл. За да го провери поштенското сандаче на испратениот украден код, компанијата требало да бара дозвола од законодавните органи. Сега тоа веќе нема да биде потребно – „Мајкрософт“ ќе може да ги чита писмата на секој што според неа е вмешан во нешто нелегално. Општо земено, не е добра идеја некој да му предизвикува загуби на „Мајкрософт“ и истовремено да ги користи услугите на гигантот.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1