Поразително: Од 600 минувачи, само еднен му помогнал на изгубеното дете


Во британските медиуми овие денови се повеќе се пишува за поразувачките резултати од еден социјален експеримент, кој покажа дека од 616 случајни минувачи само едно лице се одлучи да помогне на изгубено девојче.

devojce1Девојчето, чија задача беше да изгледа „што поизгубено“, загрижено стоеше на една британска железничка станица држејќи играчка, но минувачите очигледно не реагирале на неа.

Медиумите пишуваат дека некогаш било нормално да се застане и се обидеш да помогнеш на изгубено дете, но тоа денес очигледно повеќе не е случај. Од 616 минувачи, само една постара госпоѓа одлучи да помогне на седумгодишно девојче, додека другите само го одминувале.

– Стоешe предолго сама без родителите или пријателите, па и се доближив. Иако, морам да признаам дека не бев сигурна дали ќе ја прашам дали е се во ред, раскажува Прл Питчер.

Експертите ова појава ја објаснуваат со зафатеноста на минувачите, но и стравот, кој пред се е присутен кај возрасните мажи, кои не сакаат нивната постапка погрешно да се сфати. Но, додаваат и дека грижата за децата би требало да биде посилна од стравот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1