Оваа порака дефинитивно мотивира да продолжите да ја читате, па следуваат инструкции што треба да ги направите за да си го вратите профилот. Со отварање на мејлот се активира програм кој ќе ви прикаже весела порака:
“Your FB connection is now secured! Thank you for your support!”.
Но, во тој момент вашиот компјутер веќе е заразен. Тогаш, вашиот компјутер може да биде искористен за DDoS напади, а на тој начин вие ќе станете соучесник во рушење на интернет страници.