На Фејсбук има нов вирус – внимавајте


facebookvirus

Доколку добиете мејл во кој пишува “Hey (вашето име) your FB account has been closed” или “Hi (вашето име) your FB account is blocked”, слободно избришете го бидејќи станува збор за вирус кој ќе го зарази вашиот компјутер.

Оваа порака дефинитивно мотивира да продолжите да ја читате, па следуваат инструкции што треба да ги направите за да си го вратите профилот. Со отварање на мејлот се активира програм кој ќе ви прикаже весела порака:

“Your FB connection is now secured! Thank you for your support!”.

Но, во тој момент вашиот компјутер веќе е заразен. Тогаш, вашиот компјутер може да биде искористен за DDoS напади, а на тој начин вие ќе станете соучесник во рушење на интернет страници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1