На грчко македонската граница ќе се гради луксузен трговски


На површина од 3 хектари на македонско-грчката граница ќе се простира луксузен објект. Како што јавува Канал 5, ќе се гради трговски центар на атрактивната локација кај граничниот премин Богородица. Општина Гевгелија веќе го продала земјиштето за изградба на трговски центар.

– Го продадовме земјиштето за изградба на трговски центар на самиот граничен премин, и тука наскоро треба да почнат градежни активности, изјави за Канал 5 Иван Франгов-градоначалник на општина Гевгелија.
Во моментов Гевгелија има релативно ниска невработеност. Градоначалникот вели дека општината се труди да обезбеди работа за сите граѓани, но доколку продолжи ваквата експанзија на инвестиции, градот за неколку години ќе треба да увезува работна сила.

Близината на Гевгелија со јужниот сосед ја прави привлечно место за развој на хотелски, спа но и казино туризам.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1