Принцезата Кејт носи БЛИЗНАЦИ? Еве зошто е задржана во болница (Видео)



Бременоста на војвотката Кејт Миделтон и веста дека кралското бебе е на пат е топ тема во весниците низ целиoт свет. вчера палатата и официјално потврди дека Кејт е бремена и е задржана во болница. Медиумите почнаа да шпекулираат зошто е војвотката задржана во болница.

Последната вест е дека таа пати од Hyperemesis gravidarum, и токму затоа е задржана, потврдиле лекарите. Тоа е состојба на акутна утринска мачнина и е многу ретка состојба.
Она што е навистина вест е што оваа состојба се поврзува со бремени жени кои носат близнаци.

Па можеби светот не чека едно кралско бебе туку две.

Жените кои патат од hyperemesis gravidarum губат 5 насто од нивната тежина пред бременоста, вели др Ashley Roman, за телевизијата АБЦ.
Жени кој ја имаат оваа состојба имаат зголемено ниво на хормонот hCG, или ,,human chorionic gonadotropin,, а токму тој хормон и неговото високо ниво често е показател дека жената носи близнаци, вели др Роман.

Она што е лоша вест е што оваа состојба ја оштетува косата, и ја ослабува, а Кејт токму оваа година беше прогласена за жена со најпосакувана коса во светот.

Принцот Вилијам е крај својата сопруга во болница, каде таа ќе биде задржана неколку дена.

Сепак оваа состојба има и лоши показатели, иако не е научно доволно истражено но лекарите велат дека во одредени случаи оваа состојба и покачен хормон може да е показател и дека жената е бремена со фетус со абнормална ДНК и бенинген раст. Но лекарите велат доколку тоа било случај со Кејт лекарите веќе би знеле и не би објавиле дека е бремена – така да сега сите типуваат на тоа дека Кејт носи близнаци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1