На ист ден, од исто место во Скопје: Прво исчезнало девојче, по неколку месеци и нејзиниот брат


Во полициската станица во Центар, вчера од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа доставено е писмено известување, пријава, дека од 26 мај годинава од ул. „Васил Главинов“ во Скопје, односно од бул. „Видое Смилевски – Бато“ во Скопје, исчезнато е петнаесетгодишно девојче. На 26 септември, пак, од истата локација исчезнал нејзиниот седумнаесетгодишен брат.Missing-Person isceznata

Нивната баба П.Е. од Скопје и нивната тетка Ж.Н. во ЈУ-МЦСР појасниле дека од причина што не биле старатели на малолетните деца не можеле да ги пријават за исчезнати, додека пак нивната мајка К.Е. (37) од Скопје од 2011 година била замината во Египет и од тогаш воопшто не се вратила дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1