На крајот на животот за што најмногу жалиме – истражување


Работата на оваа болничарка е да се грижи за пациентите во најкритична состојба, за кои често нема надеж. Веќе подолг временски период таа ги снимала разговорите со своите пациенти, а повеќето од нив прифатиле да ѝ одговорат на прашањето за што тие најмногу жалат.

Можеби не е толку изненадувачки, но меѓу најчестите одговори се најде изјавата „Би сакал/а да не работев толку многу“, изјавила таа во својата книга „The Top 5 Regrets of the Dying”.

tears1Еве како изгледа нејзината листа на работи за кои луѓето најчесто жалат пред нивната смрт.

1. Би сакал/а да имав храброст да живеам според моите правила, а не онака како што другите очекуваа од мене

„Ова беше најчестата изјава. Кога луѓето сфаќаат дека нивниот живот е при крај и кога гледаат наназад, јасно и лесно ги гледаат сите свои соништа кои не ги оствариле. Повеќето луѓе не оствариле ниту половина од своите соништа и умреле знаејќи дека самите се виновни“, пишува Вер.

2. Би сакал/а да не работев толку многу.

„Оваа реченица ја слушав речиси од сите мажи за кои се грижев. Жените исто така ова го имаа на ум, но воглавно беа припаднички на постарата генерација“, вели Вер.

3. Би сакал/а да имав храброст да ги изразам своите чувства

„Многу луѓе ги потиснуваат сопствените чувства за да направат компромис и да го задржат мирот во односите со другите. Како резултат на тоа, повеќето се задоволиле со просечни работи, никогаш не постигнувајќи го она за коешто навистина биле способни“.

4. Би сакал/а да останев во контакт со своите пријатели

„Очигледно дека луѓето не ја сфатиле важноста на пријателството, а кога смртта се приближува и времето е ограничено, тешко е да се пронајдат старите пријатели. Многу од овие пациенти биле толку зафатени со своите животи што во текот на годините ги изгубиле златните пријателства. На сите им недостасуваат пријателите кога ќе дојде судниот час“.

5. Би сакал/а да си дозволам себеси да бидам среќен/на

„Ова е вистинско изнендување. Многу луѓе сè до смртта сфатиле дека среќата е состојба на избор и останале заглавени во лошите навики. Стравот од промени ги надвладеал и ги уверувал дека се среќни, додека длабоко во себе би сакале барем уште еднаш да се насмеат од срце и да си дозволат малку лудост во сопствените животи“.

Факултети.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1