На Лајза Минели и преостануваат три месеци живот


Познатата американска пејачка и актерка Лајза Минели (70) навистина имала трагичен живот. Со години се борела со зависностите од дрога и алкохол, а покрај сето тоа ја следеле и бројни здравствени проблеми.

Добро упатен извор за порталот „Радар онлајн“ изјавил дека легендарната пејачка и Оскаровка им се вратила на старите навики. Исто така, наводно го продала својот луксузен стан во Њујорк и сега живее во изнајмена куќа во Лос Анџелес и дека ја контролираат нејзините асистенти.

Последна во низата бројни драми околу Минели се случувала кога таа ја снимила бизарната порака во која таа звучи како засекогаш да се простува од своите пријатели.

– Без вас не би била она што сум. Исто така, се сетив нa онаа силна добрина и поддршка која ми ја пружавте. Ви благодарам на сите. никогаш нема да ве заборавам – стои во пораката која е објавена непосредно по нејзиниот роденден на 12 март.

– Ме полазија морници додека ја слушав – изјавил изворот и додал дека многумина се загрижени за пејачката и сметаат дека и останале уште три месеци живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1