Трогателна исповед на млада девојка: „Тренерот ме силуваше и ме зарази со ХИВ“


Една 27-годишна жена од Австралија, позната под псевдонимот BXA, тврди дека ја силувал фудбалскиот тренер кога имала осум години. Неколку дена подоцна дијагностициран и е вирусот ХИВ, а таа вели дека за тоа е заслужен тренерот од фудбалската екипа од јужен Сиднеј.силување

BXA во понеделникот сведочела пред Кралската комисија задолжена за инстуционално реагирање на злоупотребени деца во Австралија. Несреќната жена немала сила сама да ги раскаже стравовите кои ги преживувала, па замолила друга личност да го прочита нејзиниот исказ.

Во исказот истакнала дека нејзината мајка имала проблеми со консумирање на алкохол и дрога, па често зборувалаи кажувала да ќе остане кај тренерот во куќата после тренинг.

– На почетокот тренерот и неговата жена беа многу пристојни. Беа многу внимателни и нежни… Подоцна почувствував дека беа премногу чудни, па ми беше малку непријатно. Прв пат кога ме силуваше тренерот, беше петок навечер…“

Несреќната жена открива дека тренерот ја силувал секој пат кога останувала да преспие во неговата куќа и дека неговата сопруга често била во собата и го набљудувала тоа.

– Таа обично лежела во креветот или била негде во собата и од страна набљудувала. Ми зборуваше дека се е ОК и дека се е во ред“.

Сопругата на тренерот наводно често доаѓала ноќе во гостинската соба и ја носела внатре во спалната соба кај тренерот за да ја силува.

Жртвата изјавила дека не и кажала на мајка и што се случува бидејќи мислела дека ќе ја обвинува и дека ќе мисли дека самата си ги измислува тие работи.

Во март 2013 година, пред да наполни 15 години, BXA дознала дека има ХИВ, а докторите и рекле дека вирусот е присутен неколку години. Таа е убедена дека овој вирус го добила од тренерот, бидејќи немала претходно момче.

Курир.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1